Охрид, 1. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на физички пресметки случени ноќеска во Охрид.
На 1. јануари 2025 година, во 01:40 часот, пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, приведени се српските државјани на возраст од 20, 26, 22 и две лица на возраст од 21 година, сите од Врање, кои претходно, пред објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 1. јануари 2025 година, во 04:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен 39-годишен охриѓанец, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес