септември 27, 2017

Кливленд, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Двејн Вејд го напушти Чикаго булс, но ќе го засили Кливленд кавалирс и ќе се обиде да му помогне на својот пријател Леброн Џејмс да ја урне „династијата“ на Голден Стејт вориорс.

Се очекува Вејд да потпише едногодишен договор со Кливленд, а тој ќе добие ветерански минимум од 2,3 милиони американски долари. Сепак, многу поважно е што заедно со Леброн Џејмс ќе атакуваат на шампионската титула.

Леброн џејмс и Двејн вејд беа неверојатен тандем во Мајами хит, играа четири финалиња на НБА и освоија два прстени. Вејд претходно и во тандем со Шекил О’Нил беше на врвот на НБА, а сега повторно заедно ќе се обидат да станат шампиони. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука