Охрид, 17. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – За локалните избори во Охрид има измени на локациите на две избирачки места.
Гласачкото место 1255 1255/1 што беше сместено во просториите на Територијалната противпожарна единица, во овој изборен циклус запишаните избирачи ќе гласаат во просториите на ОУ „Братство Единство“. Има и една суштинска промена на гласачкото место 1271, бидејќи бројката на запишани избирачи надминува 1.200. Во насока на почитување на ковид протоколите, гласачите од цела улица „Лазо Трпоски“ сега своето право на глас ќе го остварат на избирачкото место 1274, сместено во просториите на музичкото училиште „Методи Патчев“.
Првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст, а на изборите, како и за претходните избори, ќе се применуваат мерки за заштита од ширење на COVID-19.
Во единствениот избирачки список во Република Македонија се запишани 1.824 864 избирачи. Во општина Охрид се евидентирани вкупно 52.477 граѓани со право на глас. Поднесени се три кандидатури за прв човек на градот и 11 советнички листи, од кои 3 се независни, 5 се поднесени од политички партии и уште 3 од коалиции.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива