Струга, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На први април 2024 година, во 13:20 часот во струшкото село Франгово, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 50-годишно лице од истото село и 40-годишник од Република Албанија.
– Тие се сомничат дека во близина на село Франгово предизвикале пожар на земјиште со нискостеблеста вегетација во државна сопственост. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 58