Охрид, 21. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во координирана акција на СВР Охрид и криминалистичката полиција при Министерството за внатрешни работи реализирана во Охрид, пронајдени се и одземени околу 40 килограми зеленкаста растителна материја, најверојатно опојна дрога марихуана.
– Акцијата, беше реализирана на 20-ти овој месец околу 09:00 часот во близина на автокампот „Андон Дуков“. Спроведувајќи ја акцијата, полициските оперативци извршија претрес во метална барака на една нива во близина на кампот при што биле затекнати две лица од Охрид, а биле забележани четири најлонски црни вреќи во кои имало 16 прозирни најлонски паковки. При претресот извршен по добиена наредба од судија на претходна постапка, во бараката но и во близина на брегот на Охридското Езеро, дополнително пронајдени се рибарски мрежи и друг рибарски алат и прибор како и мобилни телефони. Двете лица се лишени од слобода а пронајдената зеленкаста материја и другите предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерстството за внатрешни работи во Скопје, информираат од СВР Охрид од акде додаваат дека се преземаат натамошни мерки за целосно расчистување на овој настан по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава .(Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива