декември 19, 2017

Охрид, 19. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во хотелот Милениум Палас ќе се одржи една од регионалните дебати за поголемо учество на граѓаните во подобрување на квалитетот на животот на локално ниво.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема „Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми“.

Целта на оваа кампања е да ги поттикне граѓаните и зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава.

За таа цел во рамките на кампањата, а под слоганот #АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ изминативе денови се организираат локални дебати во шест македонски градови, меѓу кои и Охрид, како и еден регионален форум за граѓанско учество.

Дебатата ќе се одржи во периодот од 11:00 до 13:00 часот.

Покрај дебатите и форумот за потребите на кампањата развиен и подготвен е и сет на промотивни материјали, ТВ реклами, флаери, постери, објави на социјалните медиуми, маици, и награден конкурс за иновативни идеи на тема „Граѓанска вклученост“. На трите најкреативни идеи ќе им бидат доделени таблети како награда. Кампањата започна на 11-ти, а ќе трае до 22-ри декември.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука