јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се одржи регионална дебата за презентација на резултатите од анализата за постоечките практики на консултација со граѓаните во процесот на креирање политики на локално ниво.

– Дебатата има за цел да овозможи отворен простор за сите заинтересирани страни да го искажат своето мислење за состојбите со граѓанското учество на локално ниво, кои се предизвиците и можностите за надминување на истите, информираат организаторите.

Дебатата ја организираат Локалната агенција за развој од Струга и Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип во рамките на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука