Скопје, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Граѓанската иницијатива „8-ми Септември“, утре во ГЕМ Клубот (Менада, Стара Чаршија), со почеток во 12 часот, ќе организира дебата на тема: „Македонија е земја на социјална неправда.
На самиот почеток на дебатата ќе биде промовиран истоимениот документарен филм, во продукција на „8-ми Септември“. Филмот укажува на нефункционалниот систем на социјална заштита во Република Македонија.
Панелисти на дебатата ќе бидат: Мила Царовска, специјалист од областа на социјалната правда, Наде Наумовска од Фондацијата Отворено општество Македонија и Џелал Хоџиќ од „8-ми Септември“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42