април 7, 2022

Дебрца, 7. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца го доби првиот откупен пункт за земјоделски производи.

Градоначалникот Зоран Ногачески го потпиша договорот со фирмата Али Фреш Фруит ДОО.

– Со оваа постапка правиме еден голем исчекор напред кон подобрување на квалитетот на услугите при откупот на земјоделските производи и промоција на производството во општина Дебрца, со што се отвораат и нови можности за иднини инвеститори, вели градоначалникот Ногачески.

Дебрца го доби првиот откупен пункт за земјоделски производи
Откупниот пункт ќе биде лоциран во село Требеништа, во големата сала на селскиот Задружен дом. Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 15 години.

Според договорот, закупувачот е должен да инвестира во реконструкцијата и адаптацијата на деловниот простор согласно намената и инвестиционата програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука