Белчишта, 5. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца започна со реконструкција во ЕКО Музеј – Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда – касарна во село Белчишта.
Внатрешните простории ќе бидат опремени со современа техничка опрема и мебел, а ќе бидат изложени убавините на Блатото, кои ќе станат подостапни за туристите од регионот.
– Вредноста на договорот за реконструкција е 128.172.25 евра. Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за „Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област“, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра. Други партнери од македонска страна се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Јасен“ и Шумарски факултет од Скопје, а од грчка страна, општината Терми и за Институтот за одгледување на растенија и генетски инжинеринг, информираат од општина Дебрца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива