јуни 10, 2024

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Богата и квалитетна програма носи Деветтото издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“ кој ќе се одржи во периодот од среда, 12-ти до недела, 16-ти јуни 2024 година во Охрид.

Публиката ќе може да ужива во прекрасните и креативни изведби на младите актери, волонтери на организациите на Црвениот крст од Србија, Црна Гора и Република Македонија.

Програмата започнува во среда, на 12-ти јуни 2024 година во предворјето на црквата „Св. Софија“, каде со почеток во 21:00 часот, Театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја изведе претставата „Утре“ по сценарио и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Во четврток, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Театарската група на Црвен крст од Бар ќе ја изведе претставата „Потрага по изгубеното богатство“, во авторство и режија на проф. Мирјана Савичевиќ и Ивана Кецојевиќ. Во 21:00 часот младите глумци од Црвен крст Крагујевац ќе ја изведат претставата „Њима о њима“ во режија на Лазар Јовичиќ. Театарската група при Црвен крст од Суботица, во петок, на 15-ти јуни 2024 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот ќе ја изведе претсатвата „Ланчана реакција“ од Снежана Маравиќ.

Влезот за сите посетители е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука