Охрид, 24. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа девет години од смртта на Влатко Пантовски – диџеј Пантер и Наумче Аврамоски – диџеј Бруце.
Охридската медиумска заедница не дозволи годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги. Супер радио, матичната куќа на двајцата трагично загинати дџ-и, денес ќе ја прилагоди програмата во нивна чест.
Диџеј Пантер и Диџеј Бруце трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33