јуни 28, 2017

Охрид, 28. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Седумгодишно девојче од Валандово се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Охрид-Кичево, соопшти МВР.

Несреќата се случи  кај село Требеништа, кога 26 годишната Љ.К. од Валандово, со автомобил „Поло“ со валандовски регистарски ознаки изгубила контрола над возилото, кое излетало  од патот, по што се превртело на покривот.

Тешко повреденото девојче, сопатник во возилото, било пренесено  во Општа болница Охрид, од каде поради сериозноста на повредите било пренесено во Клинички центар Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука