Охрид, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева- Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор.
Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља. Посетата беше по повод одбележување на Патрониот празник на Котор. Градоначалникот Јокиќ истакна дека е поносен на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе добие се покреативен облик. Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива