Охрид, 5. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дел од охридските семејства веќе почнаа да ја користат евтината тарифа на струјата преку ден.
Во зависност од отчитувачката група во која спаѓаат, еден дел од броилата се веќе прилагодени, а тоа може многу лесно да се провери. На дисплејот на броилото кое е прилагодено, во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за втора тарифа Т2.
Во меѓувреме, екипи на ЕВН работат на терен максимум до крајот на овој месец сите да имаат евтина струја во текот на денот.
Инаку, од оваа сабота, 7-ми октомври и официјално ќе започне грејната сезона. И покрај тоа што истата традиционално започнува од 15-ти октомви, поради ниските температури кои се најавубваат за претстојниот викенд, стартува една недела порано. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива