Охрид, 30. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Дел од локалитетот Љубаништа во Охрид, каде што индискиот милијардер Субрата Рој планираше да гради туристички комплекс, е подготвен да оди на јавна лицитација.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека туристичката зоната Љубаништа 1, со површина од 26,8 хектари, е одобрена од Министерството за транспорт и врски, а во фаза на изработка на урбанистичкиот план е Љубаништа 2, каде што, пак, сe уште не се расчистени имотноправните односи.
Љубаништа 2 е десеткратно поголема и изнесува 289,5 хектари.
Владата ќе ги прогласи двете локации за слободни туристички зони и ќе ги понуди на инвеститор да ги купи, за почетна цена од едно евро за квадратен метар. (Крај)
извор: Вест фото: ОхридПрес