News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 4, 2024

Скопје/Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите предвидени за одбележување на Розов Октомври, месецот за подигање на свеста за ракот на дојката, денеска во знак на поддршка ќе се одржи велосипедска трка од Скопје до Охрид.

Од здружението Езра за здравствена иницијатива во борбата против ракот на дојка велат дека за жал инциденцата на патологијата за малигни заболувања кај пациентките е во пораст, а сето тоа е поради недоволната свест.

– Затоа, уникатните платформи кои ги носиме преку нашите активности се токму стремежот да ја подигнеме свеста и да повикаме прво на самоконтрола, што треба да биде постојан компромис на секоја жена со своето тело и не само тоа, бидејќи сега со ракот на дојката и мажите можат да бидат засегнати и оваа болест не прави разлика меѓу половите. Потоа континуираните клинички прегледи и периодични медицински прегледи кои треба да бидат дел од нашата здравствена рутина и култура, вели Лиридона Беќири од здружението ЕЗРА.

Според здружението за превентива на ракот на дојка Езра во нашава земја околу 1.200 лица годишно се дијагностицирани со оваа болест. (Крај)

извор: Тв21 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука