април 16, 2017

Охрид, 16. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за празниците престојуваат во градот, дека во текот на денешниот ден, паркингот во Охрид ќе биде бесплатен.

По повод христијанскиот празник Велигден, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието не работи и паркирањето е бесплатно за сите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука