февруари 4, 2015

Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници, според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска го прославуваат денот на Св. апостол Тимотеј.

Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година.

Во четвртиот век моштите му беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Апостоли. Во сред­ните векови крстоносците ги однесоа во Италија. За него се зборува во Делата апостолски, а во новозаветниот канон има и две посланија од апостол Павле упатени до Тимотеј.

По повод празникот, Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека денес во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија. Со литургијата која ќе започне во 09:00 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука