Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На плоштадот „Чинар“ во Охрид, денеска напладне ќе се одржи новогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“.
Истиот има за цел да ја поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои ќе бидат истакнати за продажба. Со секој купен производ ќе бидат извлекувани награди. Во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а присутен ќе биде и Дедо Мраз. Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.
Настанот е во организација на Црвен крст, во соработка со Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес