News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 16, 2024

Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР која, утре ќе се одржи во Охрид, од СВР Охрид ги информираат граѓаните дека, заради изведување подготвителни активности, денеска од 10:00 до 14:00 часот, ќе биде затворена за движење пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“.

– На овој простор, забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба во времето од 10:00 до 13:00 часот. Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското Езеро поради што, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништа, од 05:00 до 13:00 часот, ќе вршат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот „Студенчишта“ до комплексот „Инекс“, информираат од СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат ограничувањата и насоките на полициските службеници кои, преземаат мерки од областа на безбедноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука