Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи панел дискусија за аутизмот како предизвик за здравствените работници во Република Македонија во 21. век.
– Модерниот брз, стресен начин на живот станува предизвик за модерната современа медицина. Само со ентузијазам, тимско работење, голема емпатија, хуманост и знаење може нешто да се промени. Така се случи и оваа наша панел дискусија со најзаслужните професори кои заслужуваат посебна почит, со најдобрата фармацевска компанија Нобел Илач која покажа и докажа дека хуманоста постои. Испраќаме благодарност до Лекарската Комора која го акредитира овој сензитивен настан. Идејата за сето тоа ова да се случи ја помогна и Здружението на лекари Охрид кои ја препознаа нашата мисија за подигање на свеста и поголемо разбирање за аутизмот, вели Александра Апостолова, дефектолог во Општа болница Охрид.
Панел дискусијата ќе се одржи денеска, петок, 27-ми септември, во хотелот „Unique“ во Охрид, со почеток во 15:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива