октомври 21, 2024

Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во атарот на црквата „Св. Петка“ во селото Велгошти, кај бистата на Живко Чинго, денеска, со почеток во 16:30 часот, ќе се одржи поетски перформанс со американска поезија и авторката Jennifer Maloney.

– Уживајте во нашиот поетски перформанс со американска поезија, во надворешен природен амбиент и топла облека во овој октомвриски поладен период, каде од оваа поетеса ќе биде читана нејзина поезија, во убава атмосфера пропратена со звуците на тишината и музиката. Ве покануваме заедно сплотено да создаваме нова поезија која ќе биде инспирација за сите нас, порачуваат организаторите.

Maloney е писателка и ко-уредник на поетската антологија Moving Images: Poetry Inspired by Film (Before Your Quiet Eyes Publishing, 2021) и авторка на книгите „Don’t Let God Know You Are Singing“ и „Evidence of Fire“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука