Охрид, 10. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Основниот суд во Охрид денеска трба да продолжи процесот што се води за случајот со нападот врз Христијан Пендиков, секретар на поранешниот бугарски културен клуб во Охрид.
За денеска е најавено презентирање на доказите на обраната.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари минатата година пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, што му го врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 125