Охрид, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во далечната 1830 година или пред 185 години во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите македонски поети од времето на преродбата во 19-от век.
Неговите најпознати дела се поемите „Сердарот” и „Скендербег”, како и „Автобиографија”. За поемата „Сердарот”, Прличев на поетскиот конкурс во Атина беше овенчан со ловоров венец.
Умре во Охрид, на 6–ти февруари 1893 година.
Во негова чест, на 6-ти февруари во Охрид се одржуваат традиционалните Прличеви беседи во чии рамки се доделева и наградата „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски јазик.
Повеќе културни и образовни инстутуции во градот го носат името на Прличев и на 6-ти февруари со пригодни програми ќе го одбележат патрониот празник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива