News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 1, 2024

Охрид, 1. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска ќе се одржи хуманитарна театарска претстава за деца за помош на жителите на БиХ, погодени од неодамнешните поплави.

– Неодамна жителите на Босна и Херцеговина беа погодени од катастрофални поплави кои однесоа преку 20 човечки животи, а илјадници луѓе останаа без покрив над главата. Црвен крст Охрид се приклучи на апелот на Црвениот крст на РМ за собирање на средства за помош на настраданото население. Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на поети за возрасни и деца-Кладањ, Босна и Херцеговина, а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, организира хуманитарна театарска претстава за деца од прво до шесто одделение, во која ќе настапуваат актери од Босна и Херцеговина, информираат организаторите.

Претставата насловена „Цветот на вљубената пчела“ ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во петок, на 1-ви ноември 2024 година, со почеток во 13:00 часот.

Средствата собрани од продажбата на влезниците, кои ќе се продаваат по цена од 150 денари, ќе бидат наменети за населението во реонот на Јабланица и Коњиц, кои претрпеа најмногу оштетувања во поплавите.

– Да ги воспитуваме нашите деца во духот на хуманоста и солидарноста и овозможиме да уживаат во детската театарска претстава, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука