ноември 6, 2017

Струга, 6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новоизбраните советници во Струга денеска седнуваат во своите фотелји.

Ќе им бидат доделени мандатите на 27 советници кои во наредните четири години ќе носат одлуки во корист на општината. Според резултатите 8 советнции освои Алијансата на Албанците, 7 СДСМ, 6 места освои ДУИ, 4 ВМРО ДПМНЕ и двајца советници има БЕСА.

Инаку, Управниот суд ги отфрли сите тужби поднесени за вториот изборен круг од локалните избори, со што го потврди изборот на Рамиз Мерко за нов градоначалник на Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука