Скопје, 21. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – За денеска во 13:00 часот е закажано ждребувањето за утврдување на редоследот на гласачкото ливче на кандидатите за градоначалници и советничките листи.
Ждребувањето ќе се одрживо седиштето на Државната изборна комисија (ДИК) во Скопје. Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со COVID-19, седницата ќе биде без присуство на овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи.
Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини и во град Скопје.
Покрај ждрепка за редоследот, на јавна седница во 15:00 часот ДИК ќе ја спроведе ждрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик.
Изборната кампања за првиот круг од локалните избори официјално започнува на 27-ми септември и ќе трае до 15-ти октомври на полноќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива