Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација, во организација на женскиот стрелачки клуб „Лихнидос“, денеска ќе се одржи Меѓународниот турнир „Grand Prix 2024“.
Турнирот ќе се одржи на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, а учесниците ќе се натпреваруваат во спортско стрелаштво со огнено оружје – пиштол и револвер, како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 метри.
– Целта ни е продолжување на туристичката сезона, промоција и презентација на градот и збогатување со нова содржина, со што би се привлекле повеќе гости како од државата така и од регионов. Ги покануваме нашите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество на турнирот, велат организаторите.
Организаторите со напомена за сите учесници да ги почитуваат правилата за безбедно ракување и користење на оружјето, да носат заштитни очила и антифони, а секое непрописно однесување и непочитување на одредбите, како и безбедноста во ракувањето со оружјето ќе биде санкционирано со дисквалификација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива