јануари 7, 2018

Охрид, 7. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Билјанини Извори“ информираат дека во чест на големиот христијански празник Божиќ, денес ќе биде бесплатно користењето на паркинг просторот.

– Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник. На сите граѓани од православна вероисповед им посакуваме добро здравје, успех во работата и благосостојба, информираат од јавното претпријатие. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука