Охрид, 25. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 28-ми октомври Охрид по втор пат ќе биде домаќин на Меѓународната кларинетска академија – CLARUS.
Ќе се одржува во ОМУ „Методи Патче“. Учество ќе земат ученици, студенти, професори и кларинетисти од земјава и странство.
Предавачи на семинарите и работилниците ќе бидат Илиан Илиев истакнат кларинетист и Петар Танески професор по кларинет и артист. Покрај теретски предавања двајцата предавачи одделно ќе работат со активните учесници.
Последниот ден, на 28-ми октомври ќе се одржи завршен концерт на кој покрај учесниците ќе настапат и неколку професори, како и гости кларинетисти. Концертот ќе се одржи во црквата Св.Софија од 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива