Охрид, 7. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне 13 степени.
– На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот, информираат од УХМР.
Веќе од утре следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 16