септември 11, 2017

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со надпросечни дневни температури на воздухот за овој период од годината.

Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови.Ќе дува и засилен јужен ветер.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта како и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има на повеќе места нестабилност со поројни врнежи од дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, а во вторнин и среда и малку посвежо време.Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен пораст, кој во поголемиот дел од земјава ќе бидат во рамкоте на просекот за овој период од годината, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука