Охрид, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сончевото време во Охрид ќе потрае до утре попладне, а потоа охридската котлина ќе биде под влијание на влажен бран, кој ќе донесе врнежи.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, утре во попладневните часови во Охрид се очекуваат врнежи од дожд.
Од понеделник ќе следи променливо време со услови за врнежи од дожд и температура до 5 степени. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХРМ фото: архива
Прочитано: 24