Охрид, 7. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.
– Уште денес времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Потоа облачноста ќе се зголемува и во сабота со засилениот југоисточен ветер ќе има повремен дожд, на места пороен и со појава на грмежи, особено кон југот. Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат и на почетокот на следната работна недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 21