Охрид, 31. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.
– Следува период на претежно сончево и многу топло време. До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло ќе биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура се очекува да го надмине и 40-тиот степен, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 19