News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 25, 2024

Охрид, 25. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новиот извештај на Music Radar открива дека денес, за само еден ден се објавува повеќе музика, отколку во целата календарска 1989 година.

– Се’ повеќе и повеќе од таа музика се создава од страна на самите уметници, што значи дека има уште поголема побарувачка за софтвер за музичка продукција, вели поранешниот главен економист на Spotify, Will Page.

Во истиот извештај, Music Radar цитира студија на бизнис аналитичарот на MiDIA , која открива дека има зголемување од 12% на бројот на музички автори помеѓу 2021 и 2022 година, што се искачи на 75,9 милиони.

– MiDIA, исто така, предвидува дека бројот на музички создавачи ширум светот ќе се зголеми на 198,2 милиони до 2030 година – повеќе од двојно од бројот во 2022 година, пишува во студијата.

Претходна студија на фирмата за аналитика на музички податоци Luminate покажа дека 120.000 нови песни се прикачуваат на услугите за стриминг секој ден (од 2023 година). Според истиот извор, оваа статистика покажа раст од претходните 93.400 само една година порано. Luminate, исто така, предвиде дека до крајот на 2023 година, над 43 милиони песни ќе бидат додадени на Spotify и другите стриминг услуги.

Извршниот директор на Universal Music Groupe, Lucian Grainge, го нарече овој раст во создавањето музика „прекумерно снабдување со содржина“, укажувајќи на вештачката интелигенција како „главен придонесувач“ за брзиот раст на создавањето музика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука