Скопје/Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во согласност со Законот за празници на Република Македонија, за граѓаните од православна вероисповед, денешниот ден, 6 јануари, Бадник, ден пред Божик е неработен ден.
Утре, 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, ќе биде неработен ден за сите граѓани на РМ.
Исто така, за граѓаните на РМ, неработен ќе биде и 19 Јануари (четврток), за празникот Богојавление (Водици).
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ, неработен ден ќе биде 27 Јануари (петок), Свети Сава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28