Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд особено на североисток. Попладне врнежите ќе престануваат.
УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.
– Денес ќе преовладува променливо и свежо време со локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за околу 10 степени. Во вторник ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 20