Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Атва“ од Кичево, денес ќе отвори Home Center во Охрид.
Одговорните велат дека охриѓани ќе имаат можност да уживаат во купувањето и во постојаните акции, промоции и понуди.
– Во салонот ќе можете да пронајдете сè што Ви треба од опрема и облека за бебиња, детски играчки, школски и канцелариски прибор, постелнина, чаши, садови, украси и многу други додатоци за Вашот дом. Голем избор на алати, маси, столици и додатоци за Вашата градина, храна и додатоци за миленици и автокозметика. Наша мисија е на едно место да обезбедиме широка понуда на производи и услуги кои ќе го подобрат и разубават Вашето секојдневие. Повелете посетете не, додаваат од Атва.
Објектот се наоѓа на улицата „Дејан Војвода“ број 2, позади „Охридска банка“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива