Охрид, 16. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.
– Кон крајот на денот, ноќта према понеделник и во понеделник се очекува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. И во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне а кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 17