октомври 9, 2017

Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, утринава во 09:54 часот регистрира слаб земјотрес со Рихтерова магнитуда 3.4 степени, кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.

– Неговиот епицентар беше на 5 километри  источно од Охрид. Земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид и околоната со интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука