Донецк, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес е прогласен Ден на жалост воУкраина за загинатите рудари во источноукраинскиот град Донецк.
По експлозијата на гас метан, под земјата беа затрупани многу рудари. Според податоците на властите во Донецк во рудникот имало 230 рудари. Синоќа беше соопштено за 33-ца загинати.
Украина е во жалост. Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук го обвини раководството на републиката, дека не пуштиле украински специјалисти во истрагата за трагедијата. (Крај)
извор: РИА Новости фото: EPA
Прочитано: 10