јануари 31, 2015

Струга, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вљубениците во природата во регионот на Охрид и Струга повторно во ЕКО Патрола и реагираат на затекнатите состојби и „неодговорноста“ на „одговорните“.

– Има вистинска депонија околу патот кој води до струшките села Вишни и Горна Белица. Несовесни граѓани го фрлаат ѓубрето каде ќе стигнат и сето тоа остава една грда слика за нас самите, вели за OhridPress Милчо Костевски, кој со велосипед ужива во целата убавина која ја нуди регионот во кој живееме.

jablanicagubre2

jablanicagubre3

jablanicagubre4

Иако тоа не им се допаѓа на одговорните, кои очигледно не си ја вршат ажурно работата, сепак охриѓани покажаа висока еколошка свест и често реагираат, особено преку социјалните мрежи на состојбите со хигиената и чистењето на сметот во градот, но и во околината. Преполните контејнери, снегот кој неодамна не изненади и не остави изненадени скоро три недели се само доказ дека граѓаните со право реагираат на подзаборавените ветувања и „слатки зборови“ со кои „се купуваше“ нивниот глас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Милчо Костевски

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука