Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Само десетина дена пред големиот верски празник „Богојавление – Водици“, не се соопштуваат детали за организацијата од страна на координативно тело кое минатата година беше формирано од претставници на Дебарско-кичевската епархија, Општина Охрид и граѓани на Охрид.
Измените во организацијата на најмасовниот црковно народен собир во градот, на кој се осветуваат водите на Охридското Езеро, доаѓаат откако претходните организатори, Здружението „Богојавление“ во 2015. година ја откажа натамошната организација.
За таа цел беше формирано координативно тело кое донесе одлука минатата година да нема кум, а да бидат застапени традиционалните содржини како и претходните години.
Петар Рупески од Варош, беше најсреќниот фаќач на Светиот крст минатата година во Охрид. Како и секоја година за овој голем празник се очекува масовна посетеност од охриѓани, но и домашни и странски гости. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес