февруари 20, 2015

Охрид, 20.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар од Охрид денеска во 20 часот ќе ја одигра претставата „Детектор за лаги“. Ова дело е работено по текст на Василиј Сигарев, а е во режија на Ненад Витанов.

Претставата ги доловува нерешените односи на еден брачен пар, кој се обидува да ги реши со помош на хипнотизер. Во меѓувреме, се откриваат нивните интриги и лаги што си ги приредуваат во нивното заедничко живеење.

-Примарната цел е публиката добро да се забавува низ овој свет на машко-женски односи кои отсекогаш, од историјата до ден-денес се непроменети, а само се менуваат околностите и формата во која тие ќе се завиткаат.Инаку се’ е една иста приказна која одново треба да се раскажува. Тоа е приказната за двајца сопружници кои имаат проблематичен однос и дошле до критична точка кога мора да побараат помош од психијатар. Во реалниот живот кога би се случила таква ситуација почнува трагедијата, а во театарот-комедијата, вели режисерот Витанов.

Во претставата „Детектор за лаги“ играат Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ и Стрезо Стаматоски.(Крај)

извор:ОхридПрес  фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука