Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Театарската претстава „Детектор за лаги” на текст од Василиј Сигарев, повторно ќе се најде на репертоарот на Народниот театар од Охрид на 5-ти март.
Во драмата која ги третира брачните интриги заради кои сопружниците ќе мора да побараат и психијатриска помош, играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Режијата е на Ненад Витанов, а сценограф е Филип Коруновски.
Од премиерното прикажување во октомври минатата година, охридската театарска публика бара билет повеќе за претствата „Детектор за лаги“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 22