Охрид, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар во петок ќе ја одигра претставата „Детектор за лаги“. Ова дело е работено по текст на Василиј Сигарев, а е во режија на Ненад Витанов.
Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Претставата ги доловува нерешените односи на еден брачен пар, кој се обидува да ги реши со помош на хипнотизер. Во меѓувреме, се откриваат нивните интриги и лаги што си ги приредуваат во нивното заедничко живеење. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 21