Охрид, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На барање на публиката, повторно ќе се репризира детската театарска претстава „Лист, камен и ножички“ на Детското драмско студио „ДрамаКидз“.
Претставата ќе се игра вечерва со почеток во 19:00 часот, во малата сала. Билетите се продаваат по цена од 150 денари.
Детското драмско студио „ДрамаКидз“ работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Целиот процес од почетокот го следат 21 член, деца-актери на возраст од 9 до 14 години од сите училишта во градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 62