Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – По мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“, во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид се одржа манифестацијата „Детска недела“.
– Педесет првачиња од прво одделение во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид, станаа дел од семејството Детска организација. Првачињата на овој свечен прием имаа можност на еден поразличен начин да го доживеат истиот. Тие покрај читањето на детското ветување од страна на координаторот на Детската организација имаа можност да се вклучат во низата спортски игри кои беа организирани за нив. Правото на детска игра е само едно од правата регулирани во Конвенцијата за правата на децата. Насмевката и задоволството на детските лица говори за тоа како се чувствуваа додека одеа, трчааа, скокаа, се провлекуваа. Настанот беше проследен и од страна на родителите на децата, нераскинливата алка во воспитно- образовниот процес. Неизоставен дел на овој чин е и доделувањето на детските пасоши. Нека Ви е честит приемот драги првачиња. Овој ден нека остане запаметен во вашите сеќавања, истакна директорот Јордан Пуроски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива